Your Council and Councillors - Macedonian

Вашата Општина  и општински советници

Your Council and Councillors

Општина Јара е поделена на три изборни окрузи: Лангриџ, Мелба и Николс. Заедницата на секои четири години избира тројца општински советници што го претставуваат секој изборен округ. Градоначалникот се избира секоја година од страна на општинските советници на општина Јара.

Општинските советници на општина Јара, со поддршка на некоја организација, ја надгледуваат и насочуваат иднината на локалното подрачје.

Состаноци на Општината

Општината одржува редовни состаноци секој трет четврток во месецот, што наизменично се одржуваат во градските сали Ричмонд и Фицрој. Тие состаноци се отворени за јавноста и вие сте добредојдени да присуствувате на нив. Ако ви треба преведувач на тие состаноци, ве молиме јавете се во Општината на 9280 1940 најмалку два дена порано.

Улогата и обврските на Општината

Општината е надлежна за обезбедување на услугите за заедницата како што се згрижувањето деца, згрижувањето на постари и онеспособени лица, библиотеките, регистрирањето животни, градежното планирање, чистењето на улиците, управувањето со паркиралиштата, свеченостите за доделување австралиски државјанства, собирањето на ѓубрето и на отпадоците за преработка.

Општината исто така се грижи и за зградите што се сопственост на заедницата, пешачките патеки и улиците, парковите и градините, трите општински сали, мостовите, одводите и уличното опремување, за подрачјата долж реката Јара, за терените за забава и разонода и за спортување, за трите центри за забава и разонода со базени и сали за вежбање, и за теренот за голф Бернли.

Општината многу ги поддржува локалните уметници, разни групи во заедницата и културни приредби, а исто така е и домаќин на неколку големи приредби во текот на годината, вклучувајќи ја и приредбата за пеење божикни песни во декември.

Општински данок

Секој што поседува имот во општина Јара мора да плаќа општински данок. Општината ги дава своите услуги, ги одржува зградите во сопственост на заедницата, и ги задоволува потребите на заедницата со помош на парите прибрани од општинскиот данок. Општинскиот данок изнесува околу 58% од приходот на Општината.

Општинскиот данок може да се плати:
•   Во секоја пошта
•    По пошта, при што треба да го користите пликот што ви бил испратен заедно со сметката за општинскиот данок
•    Преку телефон или интернет користејќи BPay, Yarra ePay кредитна картичка, POST billpay кредитна или дебитна картичка.
•    Лично во општинската сала во Колингвуд, Collingwood Town Hall, 140 Hoddle St, Collingwood, или Richmond Town Hall, 333 Bridge Road, Richmond, од 8.30 часот претпладне до 5.00 часот попладне, од понеделник до петок.

Годишните такси може да се платат во еден износ во февруари, во четири помали износа во октомври, ноември, февруари и мај, или во десет месечни рати користејќи директно одбивање.

На носителите на пензионерска картичка за попуст или златна картичка им следува попуст во цената за нивното место на живеење. Во 2010/2011, овој попуст беше $125.

Свечености за доделување австралиски државјанства

Општината редовно одржува свечености за доделување австралиски државјанства за жителите што сакаат да станат австралиски државјани. За да поднесете барање за австралиско државјанство треба да пополните молбен формулар, што може да се добие од Одделот за доселување и државјанства (Department of Immigration and Citizenship) на 131 880, или посетете го www.citizenship.gov.au

За повеќе информации за Општината, ве молиме посетете го www.yarracity.vic.gov.au/Council/ или телефонирајте во Општината на 9205 5555. Исто така може да зборувате со некој на вашиот јазик ако се јавите во преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

За информации за нашите преведувачки служби, ве молиме телефонирајте на 9280 1940 и побарајте информативна книшка за Yarralink, или посетете го www.yarracity.vic.gov.au

Место на интернет: www.yarracity.vic.gov.au

Телефон: 9205 5555

Back to top
Back to top Back to top