Services for Family and Children - Macedonian

Услуги за семејства и деца

 pdf format services for families and children1.pdf (24.94 KB)

Општина Јара троши околу $3 милиони секоја година за пружање и финансирање на услуги за семејствата и децата.

Тие услуги вклучуваат:

Целодневно згрижување
Оваа услуга е за деца на возраст од 0 до 6 години. Децата се згрижуваат во текот на целиот ден во некој од нашите центри од страна на професионални детски негуватели.

Предучилишни установи или забавишта
Оваа услуга е за деца на возраст од околу четири години, за да им се помогне да се подготват пред тргнувањето во основно училиште.

Згрижување после наставата во училиште
Згрижувањето после наставата во училиште е за децата од основните училишта. Тоа вклучува многубројни организирани активности со кои децата се занимаваат по завршувањето на наставата.

Згрижување во текот на училишните распусти
Згрижувањето во текот на училишните распусти подразбира дека персоналот на Општината организира и спроведува низа разновидни приредби и активности за децата од основните училишта во текот на училишните распусти.

Повремено згрижување
Повремено згрижување е кога можете на покус временски период да го оставите вашето дете во центар каде што ќе се грижат за него. За оваа услуга не е потребно закажување. Со повременото згрижување во Јара се управува од трите локални центри за забава и разонода во Ричмонд, Колингвуд и базенот во Фицрој.

Групи за играње
Во групите за играње во заедницата, децата на предучилишна возраст и нивните родители или негуватели се собираат за да си играат и да се дружат во разни објекти за заедницата во Јара.

Дневно згрижување во семејства
Оваа услуга подразбира згрижување на деца во приватни домови на негуватели. Тие негуватели добиваат поддршка од локалниот координатор и од тимот за поддршка.

Здравје на мајките и децата
Оваа услуга им стои на располагање на родителите што живеат, работат и учат во ова подрачје и што имаат бебиња и деца на возраст до шест години. Родителите може да добијат совет и помош.

Служба за млади
Оваа служба раководи со активности и програми за млади луѓе на возраст од 12 до 25 години.

Финансиско советување
Општината исто така пружа услуги за поддршка и услуги за финансиско советување и советување во итни ситуации за семејствата на кои им е потребна помош.

Услуги за семејства
Општината нуди советување, поддршка и програми за родители за семејствата што имаат деца на возраст од 0 до 18 години.

За повеќе информации за овие услуги и служби, за цените и за тоа како да го запишете вашето дете, ве молиме телефонирајте во Општината на 9205 5441 или посетете го www.yarracity.vic.gov.au/services. Исто така може да зборувате со некој на вашиот јазик ако се јавите во преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

За информации за нашите преведувачки служби, ве молиме телефонирајте на 9280 1940 и побарајте информативна книшка за Yarralink, или посетете го www.yarracity.vic.gov.au.

Back to top
Back to top Back to top