Planning and Building - Macedonian

Градежно планирање и градење

 pdf format Planning and Building (35.97kB)

Ако сакате да направите било какви промени на вашиот имот, на пример:
• Проширување или реновирање на куќата
• Поставување на резервоар за дождовница
• Градење ограда, куќичка за играње или гаража
• Отстранување големи дрвја
• Било какви други работи

Прво мора да се јавите во Општината за да проверите дали ви треба дозвола за градежно планирање и/или градежна дозвола. Дозволата е службено писмо од Општината со кое ви се одобрува да ги извршите вашите градежни работи.

Општо земено, дозволите за градежно планирање се однесуваат на користењето на земјиштето, на пример, изградба на нова зграда на земјиштето, отстранување дрвја, или промена на намената на земјиштето. Градежните дозволи се за самото градење на зградите. Најдобро е да зборувате со Општината за да проверите какви дозволи ви се потребни.

Дозволите и помагаат на Општината да се осигура дека вашето соседство нема да биде неразумно засегнато од вашите градежни зафати и дека градежните зафати се погодни за соседството и извршени на најквалитетен и безбеден начин.

Ако вршите градежни зафати на вашиот имот без дозвола, може да бидета парично казнети.

Важно е да запомните дека ако живеете во куќа што е заштитена како културно наследство, тогаш постојат строги правила во однос на тоа кои градежни зафати можете да ги извршите – ве молиме погрижете се да поразговарате со службеник на Општината.

Како да поднесете барање за дозвола за градежно планирање и за градежна дозвола
Ако ви е потребна дозвола за градежно планирање и/ии градежна дозвола, службениците на Општината ќе можат да ви помогнат да пополните молбен формулар. Цената на дозволата и времето потребно за разгледување на барањето ќе зависат од тоа колку е голем вашиот градежен зафат.

Одделението за градежно планирање на Општината е многу зафатено со работа и добива повеќе од 1400 барања за издавање дозволи за градежно планирање секоја година. Персоналот на Општината внимателно го разгледува секое барање заедно со други државни оддели, како што се Melbourne Water или Агенцијата за заштита на животната средина (Environment Protection Agency - EPA).

Потоа вашите соседи се известуваат за вашето барање, по пошта или преку локалните весници, и им се остава рок од 14 дена да поднесат приговор ако не се задоволни. Ако Општината добие повеќе од пет приговори за некое барање за издавање дозвола, тогаш ќе одржи јавна средба со вас и со вашите соседи за да поразговате за барањето.

Потоа Општината ќе одлучи дали ќе издаде дозвола.

Ако не сте задоволни со одлуката што ја донела Општината, може да се обратите до Викторискиот граѓански и административен трибунал (Victorian Civil Administrative Tribunal - VCAT).

Приговор на барање за издавање дозвола за градежно планирање
Ако мислите дека на вас ќе влијаат градежните зафати на нечија туѓа куќа, на пример, ако вашиот сосед сака да догради втор кат на својата куќа, може да поднесете приговор до Општината.

Барањето за издавање дозвола за градежно планирање ќе може да го видите во Richmond Town Hall, а службениците на Општината можат да ви помогнат да поднесете писмен приговор. Во писмениот приговор мора да објасните како на вас ќе влијае предложениот градежен зафат, и да препорачате измени со кои вие би биле задоволни.

Пријавување на градежни работи за кои не е издадена дозвола
Ако мислите дека некој во вашето соседство гради нешто небезбедно, или дека гради нешто без дозвола, треба да го пријавите тоа во Општината.

Општината ќе може да ви каже дали се добиени соодветните дозволи и ќе испрати свој службеник да ги провери градежните работи за да се осигура дека се безбедни.

Вршењето градежни зафати на вашиот имот без соодветна дозвола е тежок прекршок и може да бидете парично казнети или дадени на суд.

За повеќе информации околу градежното планирање и градежните работи во Јара, ве молиме јавете се во Општината на 9205 5255, или посетете го  www.yarracity.vic.gov.au/planning. Исто така може да зборувате со некој на вашиот јазик ако се јавите во преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

За информации за нашите преведувачки служби, ве молиме телефонирајте на 9280 1940 и побарајте информативна книшка за Yarralink, или посетете го www.yarracity.vic.gov.au.

Back to top
Back to top Back to top