Parks and Halls for Hire - Macedonian

Паркови и сали  за изнајмување

 pdf format Parks and Halls for Hire (25.16kB)

Општина Јара има низа разновидни паркови, сали и центри за заедницата, како и други објекти што може да ги изнајмуваат групи од заедницата и поединци. Секој од нив има разни одлики и може да собере од 20 до 800 луѓе.

Каков вид на објекти се расположиви?
• Големи општински сали – погодни за свадби, јавни собири, концерти, приредби и прослави
• Соби за состаноци и центри за заедницата – погодни за работилници, општествени приредби и програми за заедницата
• Паркови и градини – погодни за приредби, свадби и општествени собири

Како да резервирам некој објект?
За да резервирате некој објект, ве молиме јавете се во Општината на 9205 5555. Ве молиме потрудете се да резервирате колку што е можно порано за да бидете сигурни дека објектот што го сакате ќе биде слободен.

Колку кошта изнајмувањето?
Цената за изнајмување на објект или на парк се разликува во зависност од големината на објектот или на приредбата, меѓутоа, им се нудат попусти на непрофитните групи во заедницата.

Општината може од вас да побара да оставите гаранција (паричен влог) заради плаќање на било каква штета во објектот. Откако вашата приредба ќе заврши и службеникот на Општината ќе провери дека нема штети, гаранцијата ќе ви биде вратена.

Ако сакате да изнајмите локален парк, сала или центар за заедницата, ќе треба да се осигурате од штети нанесени на трети лица (Public Liability Insurance) (во случај некој да се повреди во текот на вашата приредба). Општината можеби може да ви помогне да го организирате осигурувањето за трети лица, но најдобро е тоа прво да го проверите во Општината. Ве молиме јавете се за натамошни информации на 9205 5555 или зборувајте со некој на вашиот јазик така што ќе се јавите во преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

Приредби во општинските паркови и градини
Ако планирате повремена или голема приредба во било кој општински парк или градина, можеби ќе ви треба дозвола или службено одобрение од Општината. Дозвола е потребна ако:
• на приредбата има 30 или повеќе луѓе; и/или
• планирате да користите или да ракувате со било каква направа што произведува звук и што може да се чуе надвор од границите на паркот (на пример, пуштање гласна музика преку звучници)

Најдобар начин да дознаете дали ви е потребна дозвола е да разговарате со службеник на Општината. Ако ви треба дозвола, ќе треба да пополните молбен формулар. Дозволите се применуваат за да се осигура дека вашата приредба ќе биде безбедна и не премногу бучна.

Други важни информации
Државната влада и полицијата имаат разни прописи за служење алкохол на јавни приредби. Ве молиме поразговарајте со службеник на Општината ако сакате да служите алкохол на вашата приредба.

За повеќе информации за објектите за изнајмување во Јара, ве молиме јавете се во Општината на 9205 5555 или посетете го  www.yarracity.vic.gov.au. Исто така може да зборувате со некој на вашиот јазик ако се јавите во преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

За информации за нашите преведувачки служби, ве молиме телефонирајте на 9280 1940 и побарајте информативна книшка за Yarralink, или посетете го www.yarracity.vic.gov.au.

Back to top
Back to top Back to top