Libraries in Yarra - Macedonian

Библиотеките во Yarra

Libraries in Yarra

Општината пружа библиотекарски услуги за сите членови на заедницата. Yarra Libraries е одговорна за раководењето со библиотеките во Carlton, Collingwood, Fitzroy, North Fitzroy и Richmond.

Кои услуги ги пружаат библиотеките?
Може да позајмувате книги, ДВД-а и весници од сите наши библиотеки. Нашите библиотеки нудат и:

• Книги на ленти, ЦД-а и МP3
• Видео ленти, ЦД-а и ДВД-а
• Преведени материјали на кинески, грчки, италијански, виетнамски, шпански, турски, арапски и сомалиски
• Материјали на англиски како второстепени ресурси
• Литература за возрасни
• Бесплатен пристап до интернет
• Домашни библиотекарски услуги
• Активности за време на училишни распусти
• Литературни клубови
• Средби со автори
• Помош со домашните задачи
• Простории за изнајмување за состаноци и обука.

Дознајте повеќе за нашите библиотекарски јазични услуги на македонски јазик.

Како да се запишам во библиоте?
Зачленувањето е бесплатно и отворено за секого. За да се зачлените појдете во една од петте библиотеки и потполнете го формуларот за зачленување.

Ќе треба да покажете документи со ваше име и презиме и тековната адреса за да можеме да ве зачлениме. Деца под 18 годишна возраст ќе треба да достават согласност од родителите.

Може да се зачлените и на линија, а при следната посета на библиотеката да ги потврдите вашите податоци.

Штом зачленувањето стане полноважно ќе ви биде дадена членска картичка која ќе ви овозможи да позајмувате работи од било која од петте библиотекина Yarra Libraries.

Контактирајте не

За локации на библиотеките и работното време кликнете овде.

Можете да се јавите на библиотеката ако повикате 1300 695 427. За информации за нашите услуги или да зборувате на македонски јавете се на преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

Back to top
Back to top Back to top