Borrowing from Libraries - Macedonian

Позајмување од библиотека

Borrowing from Libraries

Колку работи можам да позајмам и за колку време?
Членовите на библиотека можат да позајмуваат најмногу до 30 работи во секое време вклучувајќи до 10 ДВД-а и 10 комплети. Поголемиот број работи може да се позајмуваат до три недели освен видеа и ДВД-а кои може да се позајмуваат до една недела.

Што ќе се случи ако не ги вратам позајмените работи на време?
За да можат и другите членови да ги кростат работите во библиотеката, важно е да ги вратите или да ги продолжите земените работи на време. Ако не ги вратите земените работи на време ќе треба да платите казна.

Казната за работи кои не се вратени на време е 20 центи секој ден за секој земен предмет. Треба да знаете дека ако ги обновите работите кои веќе се задоцнети сепак може да треба да платите казна за деновите за кои сте доцнеле.

Што ако сакам да позајмам предмет кој е веќе издаден на друг член?
Ако некој предмет е издаден и вие сакате да го позајмите, вие ќе може да го резервирате. Кога предметот ќе се врати ќе се чува за определено време за вие да го позајмите.

Со резервирањето на некоја работа ќе се обезбеди никој друг да не може да ја земе, а и оној кој во моментот ја има не ќе може да ја обнови.

Како се резервираат работи во библиотеката?
Резервирањето е бесплатно и можете да резервирате најмногу до 30 работи во секое време.

Резервација на предмет во библиотеката ќе може да направите:
• Користејќи го каталогот во библиотеката
• Ако ги прашате вработените во библиотеката, или
• Со користење на каталог на линија.

Како можам да ги вратам или да ги обновам работите кои сум ги земал?
Сите работи може да се вратат во било која од нашите библиотеки. После работното време работите може да ги пуштите во специјалните сандачиња во библиотеките.

Работите може да се обноват:
• Во било која од нашите библиотеки во работните часови
• Ако се јавите на 1300 695 427 или
• Со користење на каталогот на линија.


Видеата и ДВД-ата може да се продолжуваат два пати, а сите други работи три пати под услов никој да не ги резервирал. Ако продолжувате нешто преку телефон или на интернет имајте ја членската картичка при рака.

За продолжување преку интернет ќе ви треба и вашата ШИФРА. Ако не ја знаете шифрата јавете ни се на 1300 695 427 или прашајте не при следната посета на библиотеката.

Што ако го нема она што сакате да го позајмите?
Ако немаме книга или нешто друго што сакате да позајмите може да предложите истото да го додадеме кон нашата колекција. Тоа може да го сторите на линија  или при посетата на библиотека со потполнување на едностаен формулар.

Вработените исто така ќе можат да ви помогнат да позајмите работи од други библиотеки низ Викторија користејќе меѓу-библиотекарски заем. Може да важат одредени ограничувања и трошоци за некои позајмувања меѓу библиотеки, затоа проверете со вработените во библиотеката ако не сте сигурни.

Повеќе информации
За повеќе информации на англиски, може да се јавите на Yarra Libraries на 1300 695 427.
за повеќе информации за нашите услуги со преведувач или да разговарате со некого на ваш јазик јавете се на преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

Back to top
Back to top Back to top