Aged and Disability Services - Macedonian

Услуги за постари и онеспособени лица

 pdf format Aged and Disability Services (23.81kB)

Услуги во домот и услуги за социјална поддршка за постари луѓе и за онеспособени луѓе.

Општина Јара пружа низа услуги за поддршка за да им помогне на луѓето што се изнемоштени или онеспособени да живеат самостојно, среќно и здраво. Ние исто така ги поддржуваме луѓето што се грижат за други луѓе. Нашите услуги вклучуваат:

Грижа за домот
Услуга со која ви се помага околу понапорните домашни работи како што е чистењето со правосмукалка, менувањето на постелнината и чистењето на бањата.

Лична нега
Услуга со која ви се помага при туширањето, одењето по нужда, облекувањето и земањето лекови.

Одмена од негата
Оваа услуга подразбира домашен негувател што ќе дојде во вашата куќа за да се грижи за лицето што вие го негувате за да можете вие да се одморите.

Одржување на домот
Услуга со која ви се помага вашиот дом да биде безбедно опкружување, на пример, со поставување на држачи и со промена на батериите во апаратот за тревожење во случај на пожар.

Превоз во заедницата
Автобус што бесплатно ве вози до општинските дневни центри, до организираните активности или на пазарување.

Социјална поддршка
Услуга со која ви се овозможува пристап до организирани активности за забава и разонода, до разни приредби и до мрежи за социјална поддршка за да останете активни и вклучени во животот на заедницата.

Услуги за испорака на храна
Услуга со која може да добиете хранливи оброци испорачани во вашиот дом. Исто така може да дојдете во некој од нашите центри и да уживате во јадењето заедно со други членови на заедницата

Дневен центар
Услуга која ви овозможува да дојдете да посетите некој од нашите центри во текот на целиот ден и да уживате во ручек и во лесни активности како што се бинго, игри со карти, рачни работи или готвење.

За да ги добиете услугите за постари и онеспособени лица од општина Јара, ќе треба да ве оцени службеник за оценување од Општината. Ве молиме јавете се во Службата за услуги за постари и онеспособени лица на 9205 5555 за да договорите оценување. Исто така може да зборувате со некој на вашиот јазик ако се јавите во преведувачката служба на Општината на 9280 1940.

Службеникот за оценување ќе се сретне со вас за да поразговарате за вашите потреби од нега и за тоа како работат овие служби.

Повеќето услуги за постари и онеспособени луѓе што ги пружа Општината се наплаќаат. Меѓутоа, цената е различна во зависност од видот на услуги што ги добивате и заснована е на вашите приходи.
Службеникот за оценување ќе разговара за ова со вас во текот на посетата за оценување.

За информации за нашите преведувачки служби, ве молиме телефонирајте на 9280 1940 и побарајте информативна книшка за Yarralink, или посетете го www.yarracity.vic.gov.au.

Back to top
Back to top Back to top